Се поголем број деца се предмет на родителско отуѓување.

„Од моментот кога се раѓаат децата партнерите стануваат родители, а тие две благородни улоги брачните партнери често ги мешаат. Тоа станува највидливо кога ќе дојде до развод на бракот. Родителите остануваат родители цел живот, бидејќи кога ќе дојде до развод, не се разведуваат родителите туку брачните партнери. Нам, како психијатри и психотерапевти, најважно ни е да ги заштитиме децата и наша обврска е да се грижиме првенствено за децата. Децата кои ќе се најдат во процес на развод на бракот на нивните родители, имаат потреба од сигурност и што помалку промени. Партнерите пак имаат обврска да се надраснат себеси и во таа процедура на развод да се бават пред се со благосостојбата на децата која подразбира контакт со двајцата родители. Оттука и идејата за заедничко родителство кое значи споделено и временски, со лично вложување, па ако сакате и материјално еднаква грижа за детето од страна на двајцата родители. Оттука и идејата за заедничко родителство кое значи споделено и временски, со лично вложување, па ак
Back to Top