Скандал со извидничкиот секс камп Тв 24 дознава се вештачи телефонот на еден од организаторите

ТВ 24 ДОЗНАВА - СЕ ВЕШТАЧИ ТЕЛЕФОНОТ НА ЕДЕН ОД ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА СЕКС КАМПОТ Сунаи Сабриоски пон, | ТВ24 Телефонот на еден од организаторите на Првиот скопски извиднички одред одземен на вештачење, додека сите инволвирани во контроверзниот камп се повикани на информативни разговори а во меѓувреме се зголемил бројот на пријави од страна на родители чии деца биле дел од кампот на извидници, дознава ТВ24 од извори на истрагата. Од Обвинителството појаснуваат дека во координација со МВР истражуваат што точно се случувало на кампот за кој родители обвинија за скандалозни сексуални активности во кои биле инволвирани нивните деца. Од Првата детска амбасада „Меѓаши“ бараат одговорност за инволвираните во извидничкиот камп, ги повикаа МВР и ЈО да го расветлат случајот бидејќи според „Меѓаши“ постојат сериозни индиции за кривично дело во кое децата се жртви на манипулација и злоупотреба.
Back to Top