Волонтерките и волонтерите секогаш биле и се многу важен дел од работата на Прва детска амбасада Меѓаши / First Children’s Embassy Megjashi. Секоја година се регрутираат нови волонтери/волонтерки кои добиваат континуирани обуки на различни теми преку кои им се овозможуваат повеќе придобивки, ( развивање на чувството на грижа за децата, желбата за соработка, позитивен ангажман, чувството на општествена поврзаност, развој на граѓанската свест, запознавање на младите со улогата и работата на граѓанскиот сектор..)
Поради зголемување на активностите и одржување на 24/7 линија за деца и млади, Првата детска амбасада во светот Меѓаши има потреба од волонтери/ки за активности во рамките на АлоБушавко – телефонот за деца и млади.
Доколку сте социолози, психолози, социјални работници, педагози, дефектолози, правници, студенти/ки во завршните години на општествените науки и/или повозрасни лица и имате желба и чувство за општествена одговорност, поврзаност, емпатични сте и сакате да работите во директен контакт со децата, младите и возрасните, Ве молиме доставете кратка биографија, писмо за мотивација и диплома за завршено образование или документ за тековно образование на следнава e-mail alobushavko@ со назнака ,,Повик за волонтери“
БЕНЕФИТИ ОД ВОЛОНТИРАЊЕТО
• Преку волонтирање се создава чувство на одговорност кон заедницата, кон децата и воопшто луѓето од сите возрасти, постојано освестувајќи ја важноста на вредностите како: солидарност, заедништво, рамноправност, ненасилство, грижа за околината итн. На тој начин работејќи за другите градиме поправедно општество и истовремено работиме и на себе.
• Волонтирање или доброволна работа е дејствување на луѓе кои имаат добра волја да го вложуваат своето слободно време, труд, знаење и работа за добробит на заедницата без паричен надомест.
• Волонтирањето е еден од најсилните елементи кои интензивно придонесуваат за демократските промени во секое општество.
• Со волонтирањето на АлоБушавко – телефонот за деца и млади, ќе имате можност преку обуки и работилници од најразличен вид да го унапредите Вашето знаење од областа на детските права, да научите да застапувате и лобирате, како да се грижите за менталното здравје и како да понудите помош и поддршка на децата и младите.
ШТО Е ПОТРЕБНО ЗА ВОЛОНТИРАЊЕ:
Мотивираност, емпатија, способност за активно слушање, исполнителност, посветеност, интерес, време, јасна и недвосмислена желба за доброволна работа, комуникациски вештини
Повеќе информации за работата на Првата детска амбасада во светот Меѓаши и АлоБушавко – телефонот за деца и млади на веб страниците: и
Контакт телефон: 02/2465316 или 070 390 632 од до .
2 views
225
70
2 days ago 00:23:03 1
ЧТО РОССИЯ ПРЯЧЕТ ЗА МИФАМИ ПРО “ГЕРОЕВ”
2 weeks ago 00:19:49 1
ВОСХОЖДЕНИЕ. ФИЛЬМ О ФИЛЬМЕ. ГОД СПУСТЯ / ПО ДУШАМ / ПАНФИЛОВ
1 month ago 00:04:25 1
Песня на стихи Ольги Фокиной - «Спасибо тебе, солдат»
1 month ago 00:02:47 1
SOVIET MARCH - Red Alert 3 - RUSSIAN COVER (Composer James Hannigan)
2 months ago 00:15:56 1
Шикарный подвиг нашего лётчика, совершившего невероятное, находясь в плену. Эксклюзивная история
2 months ago 00:59:22 1
🌎 ПО СЛЕДАМ ТИГРА БЫЛ ЗАПРЕЩЕН ДО 1952 ГОДА 🔥 ИДУЩИЕ ЗА ХВОСТОМ ТИГРА 🔥 KINODRAMА