Змианац Кривичното дело полов напад врз дете да не застарува
Змијанац: Кривичното дело полов напад врз дете да не застарува
Полов напад над дете помало од 14 години е кривично дело што не треба да застарува, смета Змијанац
Претседателот и основач на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, Драги Змијанац, апелира Владата да донесе законско решение според кое нема да има застарување на кривично дело полов напад врз дете што нема наполнето 14 години. Само во тој случај, вели тој, доколку се открие преку сведоштво на поранешни штитенички од установите, како „25 Мај“, кои во континуитет биле тргувани и сексуално злоупотребувани, ќе може да се поведе кривична одговорност и за овие дела од минатото.
Според Змијанац, со ова ќе има можност целосно да се расчистат случаите на злоупотреба на штитенички од државните установи за згрижување, каков што беше последниот со сексуалната експлоатација на девојчето од установата за згрижување деца со социјални и воспитни проблеми „25 Мај“.
„Од сите деветмина што го сториле ова кривично дело, само еден е пронајден, жената е веќе пронајде