Те кажувает бре, Илиној моме
- Те кажувает бре, Илиној моме,
да си тенко плело
и ситно си ткало.
Ја ќа ти дада бре, Илино моме
еден стодрам памук,
еден сто драм памук.
Ти да ми исткајеш бре, Илиној моме
триста лакти платно,
триста лакти платно.
Шо ќе ти останет бре, Илиној моме
една бела риза,
една бела риза.
- Те кажувајет бре, ковенџи Петре (кувенџи Ѓорѓи)
да си мајстор било,
да си мајстор било.
Ја ќа ти дада бре, ковенџи Петре
една стара пара,
една стара пара.
Ти да ми направиш бре, ковенџи Петре
еден сребрен разбој,
еден сребрен разбој.
Шо ќе ти престанет бре, ковенџи Петре
еден сребрен прстен,
еден сребрен прстен.