РЫБНЫЙ ТУРИЗМ В MK - ДОДЖРАНСКО ЭЗЕРО #РЫБА́ЛКА #Дойран

Почитувани, паралелно со емисијата Рибарска Вистина ќе објавуваме и по неколку промотивни видеа за РИБОЛОВЕН ТУРИЗАМ во МК. Промотивни видеа се за 30 риболовни води на 4 јазици вкупно 120 видеа на македонски, англиски, албански и руски јазик, изработени од Здружение ЈАДРАНСКИ СЛИВ од Охрид . Во оваа кризно време на пандемија во Светот, сите ТУР оператори даваат приоритет на активниот туризам а не на масовниот туризам каде спаѓа и Риболовниот Туризам. Се надеваме дека со постирање на овие промотивни видеа на нашиот канал ќе допринесеме бар малку да се промовираат нашите риболовни води и за развој на овој вид туризам. Само во Македонија има регистрирано повеќе од 37200 рекреативни риболовци а во Европа има повеќе од 20 милиони риболовци. Нашиот канал е специјализиран за риболов и лов и има голема посетеност надвор од Македонија, односно повеќе од 3,4 милиони прегледи со 570 илјади часа гледаност според статистика на YouTube . Бистро и со Добар поглед!
Back to Top