Mooger Fooger “Во она време“
Сеад Хаџиќ / гитара, Огнен Мангаровски / гитара, Ѓоле Максимовски / бас, Сашко Костов / тапани, Ратко Даутовски / тарабука и тамбурина, Борче Кузмановски / пиано, Горан Трајкоски / вокал, саксофон и текст
Снимено октомври 2014 / јануари 2015
Продуцент: Горан Трајкоски
Мастеринг: Евгениј Каревски Гено
Во она време
Во она време Тој на дванаесетте избрани им даде власт да гонат сили нечисти поднебесни.
Им заповеда да тргнат, да се спремат за на пат и да не носат ништо освен сандали и стап.
Ниту торба, ниту леб, ниту пари на појас и по две рува да не облекуваат.
Ако негде не ве примат ним за сведоштво да е па истресете го правот од себе.
Па ви велам дека полесно ќе им е и на Содома и Гомора во судниот ден.
О, безумници од сите времиња,
занавек изгубени!
Во ова време Нате Маго засукал ракавите, па од хотел “Билдеберг“ им проговара на банкарите.
Да не тргаат на пат, да си седат по дома и носот да не го вадат од соба.
Оти удари удари ќе следеле, а неземна сила се’ што лаже ќе го сотрела, да видат.
Дека речено им било, а и пишано е, ќе сме ги стреселе ко правот од себе.
Па ви велам дека полесно ќе им е и на Содома и Гомора во судниот ден!
О, среброљупци од сите векови
со очи ококорени!
Генерали на себепогибијата,
Чија Слава ве засени?
Велесопственици на поразот
занавек сте згазени!