Србакоски се соочува со затворска казна за ширее на говор на омраза (1)
Србакоски се соочува со затворска казна за ширење на говор на омраза
Детската амбасада МЕЃАШИ вчера, упати писмено барање до Министерството за внатрешни работи со цел да се заштити активистот Зоран Мијалков а сторителот да се казни согласно Законот.
За жал ова не е првпат Зоран Мијалков да е цел на напади, но овојпат овие пораки не го погодуваат само него лично како родител туку и сите родители на деца со атипичен развој.
Многу луѓе реагираа на социјалните мрежи но сметаме дека за да се спроведува правдата мора да се обраќаме пред сѐ до надлежните служби, и тоа што повеќе граѓани/ки , со цел да направиме притисок. Сторителот треба да се казни и конечно да го отстраниме феноменот на неказнивост бидејќи говорот на омраза е честа појава на социјалните мрежи. Жртвите немаат доверба во системот и доколку ова остане неказнето, само ќе се поткрепи сѐ почестата појава на говор на омраза а истата потоа поттикнува насилство и дела од омраза, за жал.
45 views
202
44
1 year ago 00:02:46 91
Не е победа да се осуди некој, победа е да сфати дека згрешил (1)
1 year ago 00:02:12 94
Србакоски се соочува со затворска казна за ширење на говор на омраза (1)