Јавноста згрозена по веста дека 70 годишник вршел полови дејствија врз 11 годишно дете
Јавноста згрозена по веста дека 70-годишник вршел полови дејствија врз девојче
Се зголемува бројот на случаи на сексуални напади врз деца, а тоа единствено може да се контролира со доживотен затвор.
Се зголемува бројот на случаи на сексуални напади врз деца, а тоа единствено може да се контролира со доживотен затвор, бидејќи статистиката говори дека околу 70% од сексуалните предатори го повторуваат делото, вели Драги Змијанац од Првата детска амбасада во светот Меѓаши. За три години има 33 пријави на СОС телефонот „Ало бушавко“ за сексуална злоупотреба на малолетник, но има случаи кога за ваквите трауми децата не изустуваат ниту збор по десет години, затоа не треба да застаруваат таквите случаи, вели Змијанац.
Нема поинаков начин за ресоцијализација, таканаречената хемиска кастрација не фунционира, велат од Првата детска амбасада во светот Меѓаши, од каде сметаат и дека затворот е превенција оти кога се на слобода сваквите предатори за најмалите бидејќи вообичаено таргетираат средини во кои се чувствуваат доминантни и моќни.
Последниот случаи на полов напад врз единсаесет годишно дете од страна на Јавното обвинителство е процесуиран пред два дена. Обвинителството започна истрага против 70-годишник, кој е обвинет дека сексуално нападнал 11-годишно девојче на кое му одржувал приватни часови. Според неофицијалните информации, на девојчето му држел часови по пијано. Случајот во полиција го пријавил таткото откако забележал дека седумсетгодишникот ја допирал ќерка му додека ѝ држел часови во неговиот дом.
Обвинетиот не смее да излезе од дома, одземен му е пасошот, не смее да држи часови на други деца и мора да се јавува кај службено лице на одреден период, поради мерките на претпазливост предложени од обвинител.
1 view
171
34
2 years ago 00:02:22 114
Јавноста згрозена по веста дека 70 годишник вршел полови дејствија врз 11 годишно дете
7 years ago 01:11:56 8
Топ Тема На Ваша Страна_ Злоупотреба на децата згрижени во државните домови за деца ()