Запознајте го Ренато!

Запознајте го Ренато! Има 13 години и е одговорен и трудољубив ученик во ООУ „Гоце Делчев“, Илинден. Со својата позитивност е омилен во целото училиште не само во неговото одделение. Ренато е мил, добродушен, со искрено срце и никогаш досега нема навредено другарче. Најуспешен е во играње шах, обожава да игра компјутерски игри со другарите и покрај физичката попреченост оди дури и на пливање. Ренато е прекрасно дете во вистинска смисла на зборот! . Во следните месец и половина, ќе се запознеме со многу другар(к)и и ќе ги споделиме нивните таленти! . Бушавко е пријател на сите деца! 👶🏻🧒👧🏽 Затоа придружете ни се во кампањата за подигнување на свесноста за децата со атипичен развој! . Кампањата е во рамки на проектот „Можеби сме различни, но сите сме талентирани“, како дел од Мрежата за разновидност 2.0 (RDN2.0), поддржан од Европската унија. . 📞 Ало Бушавко: 070 390 632 ☎️ Ало Бушавко: 02 246 53
Back to Top