Повторно злоупотреба на малолетнички
Жена од Скопје принудувала две малолетни девојчиња да даваат сексуални услуги. Полицијата соопшти дека таа е приведена рано изутрината и се сомничи дека овозможувала на возрасни лица да имаат сексуални односи со две малолетнички, при што односите биле и снимани.
Но повеќе детали за случајот МВР не соопштува. Истрагата сè уште трае и полицијата трага по мажите кои имале сексуални односи со двете девојчиња. Не е позната ниту нивната точна возраст, ниту возраста на женската личност со иницијали Г.Р. Детали ќе бидат соопштени дури откако истрагата ќе заврши.
Но ова не е ниту прв, ниту единствен случај. Пред нешто повеќе од два месеци започна судскиот процес против 13 велешани кои вршеле полови дејствија врз 14-годишно девојче. Кога во јануари Јавното обвинителство го обелодени случајот, соопшти дека 25-годишен велешанец преку социјалната мрежа Инстаграм ја довел во заблуда дека ќе почнат љубовна врска, но откако направил порнографски материјал, тој бил користен како закана за да ја присили да дава сексуални услуги.
Тука е и случајот „Јавна соба“ кој сè уште нема епилог. Во група на Телеграм во два наврати масовно се ширеше порнографска содржина, а често таа беше од малолетници.
Но како државата може да ги заштити децата? Од првата детска амбасада, Меѓаши велат дека многу е важен пристапот и на самите родители, но и на службите во училиштата.
- Одредено несоодветно однесување на децата може да се детектира или во домот или во училиште. Тука имаат голема задача и стручните служби, наставникот, класниот, да навреме детектира и дојави. Секако Центрите за социјална работа се клучните кои треба да влезат во домот и да детектираат дали станува збор за нарушени семејни односи и навреме да се разговара со детето за да не влезе во мрежата на малолетничка проституција, вели Драги Змијанац од првата детска амбасада, Меѓаши.
Живееме во време кога целиот живот го чуваме во мобилниот телефон. Социјалните медиуми играат голема улога во развојот на децата и затоа потребен е поголем надзор на нивното користење. Затоа Змијанац вели дека важно е децата да бидат едуцирани за да можат самите да се заштитат.
-Она што е неопходно е децата да препознаваат несоодветно однесување на возрасните, несоодветни понуди, да си ги знаат не само правата на приватност, туку и правата околу користење на социјалниот простор. Да кажат „не“, да дојават доколку некој ги вознемирува и никако да споделуваат лозинки и никако да споделуваат со непознати или познати одредени делови од своето тело, вели Змијанац.
Даниел Василев
34 views
150
47
1 year ago 00:04:45 10
-Повторно злоупотреба на малолетнички, изјава Драги Змијанац од Детска амбасада Меѓаши за ТВ Сител-(1080p).mp4
1 year ago 00:03:09 211
Повторно злоупотреба на малолетнички
1 year ago 00:03:07 52
Како децата од „Мал Битолски Монмартр“ отидоа во кабинетот на Радев
7 years ago 00:01:49 14
МЕЃАШИ: Слаба застапеност на детските права во работата на Собранието на Република Македонија