Силјановска: Собранието е под команда на генерал и аѓутант

📌 Во владиниот договор со Бехтел и Енка, државата настапува како корпорација, а Бехтел и Енка, како држава. 🗣️ Севкупната работа на Собранието, под палката на командантот Џафери и неговиот аѓутант Адеми е сведена на пленарни седници и на седници на „сематичната“ Комисија за европски прашања. Другите комисии се суспендирани❗️ 🇪🇺 Европското знаме е алиби за недемократска процедура. Создадовме основ секоја членка на Европската Унија во иднина да нè блокира заради злоупотреба на европското знаме. 👥 Корпоративното управување ја слабее државата, а министрите делуваат како компрадори. 💨 Постапка побрза од ветер не соодветствува на реализирање стратешки, национални интереси, туку е во интерес на лични олигархиски цели. ➡️ Владата, наместо извршен, стана квази законодавен орган, а пратениците од власта, наместо народни, станаа владини претставници. Ви благодариме што бесплатно се претплатувате на видео каналот на на Youtube
Back to Top