Македониа со убов за Алепо

Македонија со љубов за Алепо Хуманитарна акција за децата од Алепо Здружението на граѓани Легис и Правата детска амбасада во светот Меѓаши организираат „Недела на солидарност со децата бегалци“ Со собраните средства треба да се испрати заедничка симболична хуманитарна помош од граѓаните на Македонија до децата бегaлци од Сирија. Здружението на граѓани Легис и Првата детска амбасада во светот Меѓаши започнаа кампања за помош на бегалците кои се лоцирани во кампови на граничната зона на Турција со Сирија, Еден дел од кампањата е насочен кон собирање финансиски средства од граѓаните/ките и од бизнис секторот, а другиот дел кон подигање на јавната свест, особено кај помладата генерација.. „Целта е да ја подигнеме свеста особено на помладите во воспитно образовните институции, децата, учениците за состојбата во која се наоѓаат нивните врсници од Сирија и воопшто бегалците, потребата од солидарност и помош на луѓето кои страдаат од војна. Зборуваме за луѓе, деца кои ги загубија своите домови и речиси сè што имаат
Back to Top