JA IZLEZI LIBE NA PENDZERE - VANCO DOJRANLIEV

Ја излези либе на пенџере Ја излези, либе, на пенџере да ти видам, либе, бело лице. Бело лице, либе, црни очи и твоите, либе, долги коси. Да ми дадеш, либе, една слика спомен, мило либе, на љубовта. Кога ќ’ одам, либе, во туѓина да ја гледам, либе, ем да плачам. Ќе ти дадам, лудо, китка цвеќе да ја носиш, лудо, на туѓина. Да ја носиш, лудо, на туѓина, да ја чуваш лудо, три години. Кога китка, лудо, ќе овене, бело лице, лудо, потемнело. Црни очи, лудо, пропаднале, долги коси, лудо, земја скрила.
Back to Top