EDNA ROZA SINA - VANCO DOJRANLIEV

ЕДНА РОЗА СИНА Останаа само надежите голи, раната што клука, срцето што боли, останаа дните осамени празни, бескрајните ноќи, неспокојни мразни. Во срцето носев една роза сина, но помина некој, розата ја скина. Во срцето носев една роза сина, но помина некој, розата ја скина. И некаде сега, во ноќта што се пласти, тој ја капе розата, во море од страсти, а јас беден скитам, без насмев без плам, без љубов без среќа, заборавен сам. Во срцето носев една роза сина, но помина некој, розата ја скина. Во срцето носев една роза сина, но помина некој, розата ја скина. И животот тивко ќе мине крај мене, ќе осамне есен, срцето ќе свене, но трепнејќи тогаш, низ сон ќе ја слушнам, нејзината насмевка, бисерниот ѕвон. Во срцето носев една роза сина, но помина некој, розата ја скина. Во срцето носев една роза сина, но помина некој, розата ја скина.
Back to Top