Возрасен маж од Македонија заведувал дете од Србија

Возрасен маж од Македонија заведувал дете од Србија - МВР постапува, како да ги заштитиме децата на интернет? Возрасен маж од Македонија преку социјлните мрежи заведувал малолетно девојче од Србија. Комуникацијата меѓу извесниот Стојан и 13 годишното девојче од српскиот град Лесковац е објавена на фејсбук групата “Стоп Педофилија СП”. Од објавениот разговор може да се виде дека Стојан го прашува девојчето дали сака да има дечко од Скопје, иако таа му кажува дека има само 13 години. Тој вели дека тоа не му е проблем, и дека очекува таа да му се јави за да ја чува. Девојчето го прашува дали е сериозен во тоа што го пишува, и ако е така да направи селфи со прстот на чело. Од МВР велат дека одделот за компјутерски криминал веќе постапува по овој случај. Министерството за внатрешни работи постапува по овој случај и по целосното документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок до јавното обвинителство, се вели во соопштението. Клучно за заштита на децата од вакви несакани пследници е нивно соодветно едуцирањ
Back to Top