Меѓаши Доколку би се казнувале прекршителите, никој не би ги користел децата во политичка кампања_HxNlNED-CsY_1080p

Меѓаши: Доколку би се казнувале прекршителите, никој не би ги користел децата во политичка кампања од Слободен печат29/06/2020 Меѓаши: Досега ниту една партија не била казнета за непочитување на забраната за злоупотреба на децата во политички кампањи Во 1991 година е донесена Декларација за заштита на децата од злоупотреба во политички кампањи, истата е ратификувана во 1993 година. Сепак, се уште се злоупотребуваат децата во политички кампањи. Ова за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ го истакна Јорданка Черепналкова – Трајкоска од Првата детска амбасада во светот – Меѓаши. – Во самиот Изборен законик има став од членот 76, кој забранува учество на деца во политички кампањи, но сепак и покрај тоа, досега ниту една партија не била казнета за непочитување на оваа забрана. Можеби тука треба да ја бараме причината за непочитување на забраната за злоупотреба на децата во политички кампањи, вели Черепналкова – Трајкоска
Back to Top